Наместо да се збогува со Трамп, Пенс на инаугурацијата на Бајден: И на Твитер целосно го игнорирал претседателот во заминување

од Nikola Popovski

Актуелниот претседател на САД, Мајк Пенс, нема да се појави утре на прошталната церемонија на Доналд Трамп во базата Ендрус, потврдено е од неговиот кабинет, пишува Си-Ен-Ен.

Неговиот распоред е објавен и вклучува само еден настан: инаугурацијата на Џо Бајден и Камала Харис.

Пенс на Твитер им се заблагодари на Американците за „привилегијата да биде потпретседател во изминатите четири години“.

Тој објави и фотографии направени за време на неговиот мандат, но интересно е што Трамп го нема на ниту една.

Од друга страна, Доналд Трамп, кој ги поминува последните часови во Белата куќа, му се заблагодари на Пенс за соработката.

„Исто така, сакам да му се заблагодарам на потпретседателот Мајк Пенс, неговата прекрасна сопруга Карен и целото семејство“, рече Трамп, меѓу другото, во прошталната видео-порака, објавена од Белата куќа.
Трамп ќе одлета со хеликоптер од Белата куќа утре наутро, а тоа ќе биде можност Пенс да се збогува од него.

Слични содржини