Напад во Австрија во автобус на „Ласта“: Хрват прободе Србин (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Според белградските медиуми, во патничкиот автобус на превозникот „Ласта“, кој сообраќал на релација Дортмунд-Белград, се случил напад.

Според информациите, напаѓачот со нож го нападнал возачот, кој преживеал.

Српските медиуми пишуваат дека нападот го извршил Хрват (25), кој со нож го нападнал возачот (40) од српска националност и неколкупати го прободел.

Се известува дека патниците кои биле на лице место успеале да го совладаат напаѓачот и ја повикале австриската полиција, која брзо го уапсила Хрватот.

Како што потврди директорот на СП „Ласта“ Владан Секулиќ за српски „Новости“, драмата се одвивала во близина на Линц во Австрија.

„Патникот кој го нападна возачот влехол во станицата во Линц. На нападот не му претходела расправија. Во еден момент, тој стана од своето место и се однесувал чудно. Извади мало сечило и го ранил нашиот колега. Тој бил совладан од совозачот и другите патници, а нападнатиот возач, за среќа, се здобил со полесни повреди. Напаѓачот е уапсен од австриската полиција, а сите патници дале изјава“, рекол тој.

Според зборовите на директорот Секулиќ, повредениот колега е добро, сите патници пристигнале во Белград, а кога ќе го добијат извештајот на австриската полиција, СП „Ласта“ официјално ќе се огласи за овој инцидент.

Иако некои медиуми објавија дека овој инцидент е всушност терористички напад, од „Ласта“ го негирале таа информација.

Слични содржини