НАПАДНАТА АМЕРИКАНСКА ВОЕНА БАЗА: Пентагон огорчен поради нападот

од Stefanija Kuzmanovska

Во ракетен напад врз американска воена база во северен Ирак, според првичните извештаи, загинало едно лице, а петмина биле ранети, меѓу кои и еден припадник на американските сили.

Американската коалиција во Ирак соопшти дека тоа е најтешкиот напад врз коалициските сили за скоро една година, поради ескалацијата на тензиите меѓу американските сили, нивните ирачки и курдски сојузници од една страна и ирачките милиции од друга страна, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на коалицијата изјави дека дошло до напад врз коалициските сили во курдскиот град Ербил.

Курдски безбедносни извори соопштија дека најмалку три ракети погодиле област недалеку од меѓународниот аеродром во Ербил. Американските сили се наоѓаат во воена база веднаш до цивилниот аеродром.

Групата Сарај Авлаја ал-Дам ја презеде одговорноста за нападот.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, рече дека САД се огорчени поради нападот.

Слични содржини