109
Италијански Наполи и Верона постигнаа целосен договор за трансферот на 27-годишниот фудбалер Џовани Симеоне.
Се очекува Аргентинецот наскоро да го потпише новиот договор со клубот од Неапол, пренесуваат италијанските медиуми.
Според информациите, Наполи на Верона ќе и плати околу 3,5 милиони евра за позајмица на Симеоне, а во договорот ќе има опција за откуп на играчот за 12 милиони евра.
Џовани Симеоне минатата сезона во Италија за Верона на 35 натпревари постигна 17 голови и имаше 6 асистенции.