Наставата во украинскиот град Мелитопол од септември ќе се одржува на руски јазик

од Stefanija Kuzmanovska

Децата во училиштата во Мелитопол, град на југот на Украина, од новата учебна година ќе имаат настава на руски јазик и ќе бидат оценети од една до пет, изјави Галина Данилченко, шеф на воено-цивилната управа на Мелитопол, во интервју за ТАСС.

„Секако дека нашите деца ќе одат на училиште на први септември. Децата не посетуваа настава три месеци, па се обидовме да им овозможиме да ја завршат училишната програма, да добијат дипломи и да аплицираат на факултетите. Од први септември децата ќе имаат настава и на руски јазик“, изјави Данилченко, пренесува ТАСС.

Шефот на воено-цивилната управа на Мелитопол изјави дека од први септември децата ќе имаат часови со петстепено оценување и на руски јазик.

Слични содржини