НАТО ги повика членките да ја прогласат Русија за терористички режим

од Stefanija Kuzmanovska

Парламентарното собрание на НАТО објави документ во кој се препорачува земјите-членки на Алијансата да ја прогласат Русија за терористички режим. Резолуцијата предлага „јасно да се наведе дека Русија, со сегашниот режим, претставува терористичка држава“.

Во документот се препорачува „да се преземат колективни мерки“ за формирање Меѓународен трибунал за справување со „руската агресија во Украина“. Алијансата има намера да бара Русија со помош на тој суд да му плати компензација на Киев.

Да потсетиме, утре Европскиот парламент ќе гласа за резолуцијата со која Русија се квалификува како „држава спонзор на тероризмот“.

Полскиот парламент во октомври едногласно усвои резолуција со која Русија ја прогласува за терористичка држава. Документот ја осудува руската агресија и ги повикува другите земји да ја донесат истата одлука.

Слични содржини