Научниците предупредуваат: Топлотните бранови ја загрозуваат сигурноста на храната

од Stefanija Kuzmanovska

Повторените топлотни бранови ја загрозуваат способноста на природата да обезбеди храна за луѓето, велат истражувачите и предупредуваат на „тивка смрт“ во океаните во услови на рекордни температури кои ја пржат Земјата, пишува „Гардијан“.

Според весникот, топлотните бранови кои се шират низ Европа, САД и Кина ги загрозуваат човечките животи, како и копното и морето од кои зависат.

„Нашиот систем за храна е глобален. Постојат зголемени ризици од истовремени големи загуби на земјоделски култури во различни региони во светот, што навистина ќе влијае на достапноста на храната и нејзината цена. Во следните децении, тоа е една од работите од кои навистина се плашам“, вели Џон Маршам, професор на Универзитетот во Лидс.

Слични содржини