Научниците тестираат супстанца од канабис која би можела да ја намали тежината на воспалението на белите дробови кај заразени од корона

од Aleksandar Petrovski

Бидејќи коронавирусот SARS-CoV-2 предизвикува пневмонија и го отежнува дишењето, што потенцијално може да доведе до смрт, научниците сега бараат ново решение.
Овој месец, научниците од Универзитетот во Небраска и Институтот за биомедицински истражувања во Тексас беа многу љубопитни да испитаат како канабиноид присутен во канабисот може да помогне во лекувањето на опасната пневмонија.

Истражувачката работа детално ги опишува сите антиинфламаторни својства на канабиноидите и беше објавена во најновиот број на списанието „Мозок, однесување и имунитет“.

Како што објаснуваат, неодамнешните извештаи посочуваат дека сегашната инфекција „Ковид-19“ е поврзана со цитокинската бура во кое придонесуваат треска, кашлица и болки во мускулите. Токму овие екстремни случаи на инфекција можат да доведат до синдром на акутен респираторен дистрес, кога белите дробови се полнат со течност што всушност е предизвикана од имунолошкиот систем, а тоа е т.н. цитокинска бура.
Бидејќи во моментов нема ефикасни антивирусни лекови или вакцини против „Ковид-19“, ова ги натерало научниците да се позанимаваат со активната супстанца од канабис.

Така, истражувањето покажало дека ЦБД (канабиноиди) имаат антиинфламаторни својства без ефекти врз психата што традиционалниот канабис дава кога се конзумира.

Наместо тоа, канабиноидите ги намалуваат воспалителните цитокини како што се:
-IL-6
-IL-2
-Гама интерферон
-CXCL10
-CCL2
-CCL3
-фактори на некроза на мозокот

Токму овие цитокини се фатални во последната и најтешката фаза на корона инфекцијата на вирусот САРС-КоВ-2, поради што ова истражување всадува голема надеж дека ќе можеме да го намалиме бројот на смртни случаи во блиска иднина.

Слични содржини