Наумовски: Прерано е да се зборува дали мерката за оданочување на банките во Италија може да се спроведе во Македонија, мерката е високо популистичка

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на АБИТ ( Академија за банкарство и информатичка технологија) и член на Советот на НБРМ, Синиша Наумоски, нема дилема дека предложената мерка за еднократен данок од 40 % на добивките на комерцијалните банки во Италија е во насока на скротување на инфлацијата .

За мерката која е резултат на значајното зголемување на каматните стапки  од страна на ЕЦБ вреди да се дебатира вели тој во кусо интервју за „Локално“, иако таа е многу неизвесна бидејки се уште нема официјална верзија на законот.  

Според Наумовски прерано е да се говори дали ваква или слична мерка може да се примени кај нас. Имајќи ја предвид силината на нашиот банкарски сектор смета дека треба да се остави простор како таа ќе профункционира во Италија и каков ќе биде ставот на ЕЦБ во однос на оваа, според него, „високо популистичка мерка“.

Потегот на италијанската Влада да воведе нов вид оданочување на банките предизвика силни реакции во јавноста а особено во финансиските кругови. Како ја коментирате ваквата мерка , дали е ова обид да се скроти инфлацијата?

-Сум на мисла, да, иако е контарверзен, а еве и зошто. Имено, ние како стручна јавност, говориме дека проблемот со инфлацијата треба да се подразбере како проблем со инфлација на трошоците. И тоа е исто, како во македонската економија, така и во европската. Впрочем насекаде. Имено, сакам да кажам дека во вакви услови монетарната политика нема простор за делување или не е толку ефикасна како што се мерките кои се преземаат од страна на владата. За таа цел, ЕЦБ презема мерки соодветни, со заострување на монетарната политика, но тоа не е доволно ако не е пратено од страна на фискалната политика на ЕУ. Практично, ЕЦБ презеде одредени мерки, и тие се во ред за смирување на инфлацијата, меѓутоа за разлика од земјите со цврста авторитарна власт (читај: источните земји), во банките од еврозоната, нема таква меѓузависност помеѓу мерките што ги презема ЕЦБ и комерцијалните банки, заради тоа што европските комерцијални банки бележат висока ликвидност и немаат толкава потреба од ликвидносни средства од ЕЦБ, како што имаат во овие земји од Истокот, и заради тоа, таму, подигањето на референтните каматни стапки на Централните банки има многу поголемо и побрзо влијание од колку што тоа е во еврозоната и САД.

Најавата за дополнително оданочување направи своевидна паника и пад на пазарната капитализација. Следуваа дообјаснувања но иако станува збор за сеуште контроверзна мерка, таа доби поддршка од стручната јавност во Англија.

-Се покажува дека банките, и покрај заострените мерки, самите си имаат ликвидност, натрупана од претходно и значително го зголемуваат пристапот до кредити. Резултанта: банките покажаа енормно зголемување на профитите во 2023 година, во Италија, иако е глобална криза. Ете сега, сите ние, може да ја видиме инспирацијата на премиерката Мелони, за ваквата, навидум полулистичка и екстремна мерка. Тука сакам да појаснам дека мерките во Италија се за оданочување на каматната маржа, а не на екстра профитите во комерцијалните банки. Тоа е различно. Токму затоа, од владата на Италија побразаа да дообјаснат за погрешната презентација на мерката, која направи паника и пад на пазарната капитализацијата во некои од тамошните банки, дури до неколку милијарди долари. Имено, во Италија, ќе се ограничи највисокиот износ на данок, на 0,1 отсто од вредноста на средствата на банката, со цел, да се заштитат интересите на малите и средни банки. Според ова, ваквата еднократна давачка, во економијата на Италија ќе се оданочува со 40 отсто од нето каматната маржа на банките, или да појаснам, тоа е мерка, наменета за приходот што италијанските банки го добиваат од маргината, разликата, помеѓу активната (каматата на кредитите кон клиентите – физички и прави цица) и пасиваната камата на депозитите, од депонентите.

На пример: како клиент на банка, ако земеме хипотекарен кредит, во износ од 100.000 денари, со камата на годишно ниво (за станбен кредит), која изнесува 8,51 отсто, ние ќе треба да платиме износ од 8.510 денари, годишно камата на банката. Ова, се приходите од активната камата за банката. Од друга страна, пак, еден депонент во банката, кој има депозит од 100.000 денари (имател на орочен депозит на 24 месеци) има камата за истиот износ, од 2,15 отсто на годишно ниво. Депонентот, на годишно ниво ќе добие 2.150 денари камата за сметна на депонираните пари како депозит или ова е пасивната камата за банката. Тука, профитната маргина за банката е разликата (8.510 минус 2.150) во износ од 6.350 денари, и таа е даночната основа за данокот кој се предлага во Италија.  

Во контекст на ова, сакам да го цитирам заменик-премиерот на италјанската влада, Салвини, кој истакна: „Треба само да се погледнат профитите на банките во првата половина од 2023 година, како и резултатот од зголемувањето на стапките на Европската централна банка, за да се сфати дека не зборуваме за неколку милиони, туку зборуваме дека може да се претпостават милијарди“. Иако, контаверзна, мерката доби и силна поддршка од стручната јавност во Англија. На пример, денес, поранешниот заменик-гувернер на банката на Англија рече дека силно го поддржува планот. Имено, тој смета дека со зголемувањето на даночната стапка на профитните маргини, кај италијанските банки, од 3 на 35 отсто, во иста линија со зголемените двачки на профитот од бизнисот со електрична енергија, а тоа во касата на Италија ќе инкасира околу 78 милијарди евра, на среден рок (од 5 години). 

Дали е можно воведување на ваква или слична мерка и кај нас, особено ако се знае дека лани банките одлично работеа а годинава нивниот раст е дополнително засилен во однос на 2022?

-Кај нас, рано е да се говори за ваква мерка. Имено, до сега, не видовме официјална верзија на законот, ниту во Италија, што додава дополнителна неизвесност околу потенцијалните влијанија на оваа одлука. Но, добро е да се потсетиме на супер профитите, кои банките ги осварија во изминатата 2022 година. Тоа е добра база за отворање на дебата, тука кај нас, по основ на ваквите движења во земјите од ЕУ.

Лани сите 13 комерцијални банки, ја завршија годината со со вкупна добивка од 157,3 милиони евра, што, покажа раст во споредба со 2021 година од 5,7 отсто. Годинава, динамиката на таквиот раст е засилена, многу повеќе во споредба со одност 2022, наспрема 2021 година. Само големите 5 банки или т.н. топ 5 банки, лани имаа реализација од преку 105 милинои евра профит и вкупна актива во износ од 9,09 миијарди евра. Остатокот, од нешто повеќе од 2 милијарди евра му припадна на малите и средни банки. Од ова, деновиве во АБИТ изготвуваме анализа во насока на актуелните теми во Италија, за тоа, колку пари може да се очекуваат кога ваквата мера би се пресликала во македонската состојба со макроекономијата.

К.В.С.

Слични содржини