Навивачи повторно викаа „Мртов шиптар, добар шиптар“, овој пат пред сограѓани Албанци (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

На Фејсбук се појави видео на кое се гледа како колона на свадбари од албанска националност поминува низ општина Ѓорче Петров и наидува на група навивачи, кои викаат „Мртов шиптар, добар шиптар“.

Денеска се играше натпреварот од Првата фудбалска лига во кој играа Македонија ЃП и Вардар и веројатно овие т.н. „навивачи“ присуствувале на мечот.

Група Албанци застанаа пред нив и се обидоа да се пресметаат за навредите. На крајот дојде и до близок контакт меѓу двете групи, а провокаторите полека се повлекоа од местото на настанот.

Слични содржини