Не очекувам оваа година да има зголемување на цената на струјата, смета Бектеши

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши смета дека годинава нема да дојде до поскапување на струјата.

„Би се надоврзал на премиерот Заев и ќе повторам дека не верувам дека оваа година ќе има зголемување на струјата. Ние веќе ги правиме сите анализи и во делот на производството на ЕСМ, кое е намалено, но секако треба да бидеме внимателни“, вели Бектеши во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Според него, една од најголемите реформи во делот на енергетиката е инвестирањето во обновливи избори на енергија и тоа веќе се прави.

„Ние ќе најдеме соодветни механизми кои веќе се обработуваат во склоп на институциите се со цел да нема зголемување на електричната енергија, рече Бектеши, додавајќи дека ова не се прави заради престојните избори, туку поради тоа што граѓаните поминаа низ една криза и очекуваат да нема зголемување на цената на струјата“, додава Бектеши.

Слични содржини