Не оди во теретана, а секое утро го пие овој пијалок: Северина ја откри тајната на виткиот изглед

од Stefanija Kuzmanovska

Со години важи за најзгодна пејачка од овие простори, а на нејзиниот изглед би ѝ позавиделе и многу помлади девојки. Иако наполни 49 години пред нешто помалку од еден месец, врз основа на нејзиниот изглед, никогаш не би го кажале тоа.

Во интервју за Exkluziv.hr, Северина откри која е тајната на нејзината витка линија и како успева да има идеална тежина со години.

– Навистина сакам да јадам многу овошје, но и зеленчук, всушност јадам сè. Во последно време, мојата исхрана се базира на многу овошје, а сега ми одговара сè шумско, диња, лубеница – рече таа.

Додаде дека има навика со која се придржува со години. По будењето, таа секогаш пие смути со сезонско овошје и зеленчук. Овој пијалок ѝ дава многу сила, но и не чувствува глад.

„Моркови, цвекло, малини, јагоди, боровинки, капини, понекогаш мешани со бадемово млеко. Понекогаш додавам малку банана за густина, но знае да биде добро и без банани“, открила Северина.

Таа додаде дека не е тип кој ќе поминува часови во теретана и дека тоа не е вид на активност која ја претпочита.

– Во последно време не сум баш во теретана, понекогаш телото мора да се одмори. Јас не сум тип кој оди во теретана секој ден. Имам добро тело, па дури и еднаш неделно ми е доволно, но ако се подготвувам за турнејата, тогаш одам три или четири пати“, рече Севе .

Слични содржини