Не правиме спектакл од пречекот на загинатите во несреќата, вели Груби

од Nikola Popovski

Првиот вицепремиер Артан Груби вечерва информираше дека МНР, МВР и МТВ се одговорни за целата церемонија на пречек и транспорт на телата на загинатите од автобуската несреќа во Бугарија.

-Ќе има голем број на високи гости од регионот. Кај салата Борис Трајковски ќе бидат преземени посмртните остнаки од семејствата. Целата организација е во координација со нивните блиски. После петочната молитва, верувам дека тие ќе бидат погребани во нивните вечни почивалишта, рече Груби во емисијата „24 анализа“.

Тој исто така информира дека целиот настан ќе биде пренесуван на Националниот сервис.

-Нема ништо поразлично од тоа што би се случило во било која околност, со или без пренос на МТВ. Не правиме ништо надвор од вообичаеното. Само сакаме да искажеме почит и сочувство со семејствата на загинатите. Не правиме спектакл од настанот, одговори Груби на прашањето, дали е премногу да се организира поворка со камионите во кои ќе бидат ковчезите на загинатите и целиот предвиден настан.

На плоштадот „Скендербег“ ќе биде поставен и видеобим, од каде што граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката

 

Слични содржини