Не сте единствените: Ова се најчестите грижи за сексот

од Vladimir Zorba

Сексот е одличен и прекрасен, но понекогаш се чини дека притисокот поврзан со него се зголемува – мора да бидете ова или она, да правите ова или она во кревет, па сексот станува многу комплицирана работа.

Значи, ако се прашувате дали сте единствената личност што ве мачат одредени работи во сексот, ова се петте најчести проблеми:

Се плашите дека сте здодевни – сексуалната терапевтка Ава Померенк објаснува дека сексуалните трендови се на својот врв, поради што потрадиционалните типови често се чувствуваат лошо. Тие се плашат дека се здодевни за својот партнер, но Померенк тврди дека едноставно не треба да се грижат за тоа.

Мислите дека не знаете што правите – сексот бара вежбање. Денес сме бомбардирани со нереални очекувања и во оваа област, така што е сосема нормално ако не се чувствувате сигурни во себе и не им верувате на своите сексуални вештини – не сте единствените затоа што ова е една од најчестите грижи што терапевтите ги слушаат.

Чувствувате притисок – „Она што го забележав, а се однесува на двата пола, е сексуален притисок. Може да значи притисок за водење љубов во одредена точка од врската (на пр. по два месеци врска), притисок магично да се знае што одговара на вашиот партнер и притисок, односно страв од сексуална дисфункција“, открива терапевтката Џилиен Кан.

Се срамите од фантазиите или фетишите – „Многу од моите клиенти имаат фантазии или фетиши од кои се срамат“, откри Кан. „Вистината е дека вашите фантазии постоеле и пред вас. Одредени типови филмови за возрасни постојат, затоа што многу ги сакаат. Дури и ретките фетиши не се нешто од што треба да се срамите“, додаде таа. Исклучително важно е да се нагласи дека фантазиите се само фантазии и не значи дека во реалниот живот би сакале да го правите она за што сонувате.

Слични содржини