Во време на висок процент на заразени, зима и минусни температури, не сме сигурни дека Владата донесе исправна Одлука за начинот на одржување на наставата во второто полугодие, реагира претседателот на СОНК, Јаким Неделков по донесената одлука на Владата наставата од 1 февруари да започне со физичко присуство.

-Отворените прозорци во училницата нема да го спречат ширењето на вирусот. Влада, МОН, преиспитајте ја одлуката додека не е доцна!, додава Неделков.

Владата на вчерашната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, донесе одлука второто полугодие да започне на 1 февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од коронавирусот.

На 17 јануари годинава Владата одлучи да се одложи почетокот на второто полугодие, кое требаше да стартува на 20 јануари. Утврди и дека учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин, односно на 10 јуни 2022.

Слични содржини