Нејмар сака да го напушти Париз, сè поблиску до поранешниот клуб

од Stefanija Kuzmanovska

Нејмар, фудбалерот на Пари Сен Жермен, не е заинтересиран за продолжување на договорот со францускиот шампион, кој важи до 2022 година.

Како што дознава шпанскиот весник „Спорт“, славниот офанзивен играч сака да го напушти сегашниот тим следното лето, една година пред истекот на неговиот договор.

Нејмар во договорот има откупна клаузула од 180 милиони евра и иако беше споменато дека може да се активира во претходниот период, тоа не се случи поради кризата поради коронавирусот.

Доколку Бразилецот остане на ставот дека не сака да ја продолжи соработката со парижаните, сигурно е дека следното лето ќе има можност да замине за значително помала сума од проценетата сегашна вредност.

Шпанските медиуми истакнуваат дека главната личност заинтересирана за ангажманот на Нејмар е неговиот поранешен клуб Барселона, а според „Спорт“, сите потенцијални наследници на претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, истакнале дека сакаат да го вратат Бразилецот во редовите на Каталонците.

Слични содржини