Нејзиниот случај е најголемата корона-мистерија: Млада манекенка е позитивна на вирусот веќе 56 денови, а нема ниту еден симптом (фото)

од Nikola Popovski

Младата италијанска манекенка Бјанка Доброиу (23) е една од првите луѓе во Болоња, кај кој бил потврден коронавирусот. Таа е позитивна на овој вирус и во овој момент, 56 дена откако се заразила, иако нема никакви симптоми.

Бјанка била хоспитализирана во болницата „Сант Орсола“ во Болоња на 28 февруари со температура од 40,7 степени. Истиот ден, бил потврден вирусот кај неа.

Таа била пуштена од болница на шести март и останала во самоизолација, бидејќи не била во критична состојба.

Публикувахте от Bianca Dobroiu в Сряда, 22 април 2020 г.

Од тогаш имала редовни тестирања и досега позитивна била четирипати, а во еден случај резултатите биле нејасни.

Нејзиниот последен, шести, тест минатата недела бил исто така позитивен.

„Пациентот беше во ред, но тестовите се сè уште позитивни. Го проучуваме нејзиниот случај многу внимателно. Колку што знаеме, никој во Италија не бил толку долго позитивен. Состојбата не трае повеќе од четири недели“, рекол инфектолгот Лусиано Атард.

Слични содржини