Некои холандски болници ќе мора да испраќаат пациенти во Германија поради недостаток на капацитет

од Stefanija Kuzmanovska

Холандскиот болнички систем се соочува со зголемени предизвици поради приемот на нови пациенти со ковид-19 поради рекордно дневно зголемување на заразените, а некои пациенти се очекува да бидат испратени во Германија во рок од два дена.

Скоро половина од креветите во одделенијата за интензивна нега во земјата беа исполнети од пациенти со ковид-19, рече шефот на здружението ЛНАЗ, Ернст Кујперс.

„И секако, не гледаме крај на тоа“, рече тој пред новинарите. „Бројот на пациенти во болниците ќе продолжи да расте барем до крајот на овој месец.

Во четвртокот, дневниот број на новоинфицирани беше 9.271, соопшти Националниот институт за јавно здравје (РИВМ).

На 14 октомври, владата воведе делумни мерки за карантин со цел запирање на ширењето на вирусот, вклучително и затворање на сите кафулиња и ресторани во земјата.

Слични содржини