„Нема да бидеме заробеници на Џонсон“: Шкотска оди на референдум за независност

од Nikola Popovski

Шкотската премиерка Никола Старџен најави дека нов референдум за независност на Шкотска ќе се одржи на 19 октомври 2023 година.

Законот за независност мора да биде усвоен од два парламента – британскиот и шкотскиот, така што само референдум не може да ја направи Шкотска независна.

Поставеното прашање ќе биде исто како и на гласањето во 2014 година: „Дали Шкотска треба да биде независна држава?“.

Старџен вели дека е „подготвена и има волја“ да преговара со владата на Вестминстер за условите на вториот референдум за независност.

„Она што никогаш нема да го направам е да дозволам шкотската демократија да биде заробеник на Борис Џонсон или на кој било британски премиер“, рече Старџен.

Слични содржини