Нема логика струјата да поскапи за 50%, тврди Бислимовски

од Nikola Popovski

Прерано е да кажеме за колку ќе поскапи струјата, затоа што влијае набавката, загубите и колку ЕСМ ќе обезбеди на ЕВН хоум. Како претседател на РКЕ секогаш сум против големи ценовни шокови затоа што на крајот на денот, некој потрошувач треба да ја плати, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски во емисијата „Економски магазин“.

Според него, големо поскапување на струјата сериозно ќе влијае на стандардот на граѓаните и на ликвидноста на целиот енергетски сектор.

-Нема логика нешто да се зголеми за 50%. Ќе дојде до социјална експлозија и со право би дошло. Сите регулаторни тела кои одредуваат цени се водат на трошковни принципи. Нема да дозволиме сериозно зголемување, додава Бислимовски и потенцира дека преку блоковните тарифи нудат решенија за ценовните шокови.

 

Слични содржини