Нема менување на локација за „Ел Класико“: Барса и Реал, сепак, ќе играат на „Камп Ноу“

од desk3

Натпреварувачката комисија на шпанска Примера ја отфрли можноста за промена на локацијата за претстојното „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, но останува во игра опцијата за негово презакажување за 18 декември. Ова го потврди шпанското радио „КОПЕ“.

Телото, што е мост помеѓу Примера и федерацијата, донесе одлука мечот, сепак, да се одигра на „Камп Ноу“.

Предлогот за промена на домаќинот во дербито го лансира шпанската фудбалска лига поради нестабилната ситуација во Барселона е нестабилна во последните денови. Натпреварот е закажан за 26-ти октомври, а во главниот град на Каталонија моментно има судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Слични содржини