Нема починати од коронавирус во последните 24 часа, регистрирани 13 новозаразени

од Nikola Popovski

Според последниот дневен извештај на Министерството за здравство, во последните 24 часа, регистрирани се 13 нови случаи на КОВИД-19 од Тетово – 7, Скопје – 6. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, биле тестирани 3.404 лица.

„Исто така регистриран e 1 оздравен пациент од: Прилеп, а не се регистрирани починати пациенти“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 906.529 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.783, бројката на оздравени пациенти е 150.124, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 172.

Слични содржини