НЕМА УСЛОВИ ЗА УКИНУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ: Бројот на заразени со коронавирус во Грција сè уште расте

од Stefanija Kuzmanovska

Грчките власти најавија дека нема да можат да ги укинат ограничувачките мерки во пошироката област на Атина од први март, како што првично беше планирано, поради големото зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, изјави денеска премиерот Кирјакос Мицотакис.

Во поширокото подрачје на Атина, каде што живее половина од населението во Грција, воведени се строги анти-епидемиски мерки кои би требало да траат до 28 февруари, пренесува „Ројтерс“.

Надлежните служби објавија дека 22 пациенти починале од ковид-19 во изминатите 24 часа, а инфекција со коронавирусот била потврдена кај 2.147 лица, од кои приближно половина од нив живеат во пошироката област на Атина.

Слични содржини