Нема заразени од ковид-19 во девет македонски градови

од Берта Китинска

И денеска нема починати од ковид 19  во земјава. Според податоците на Институтот за јавно здравје во моментов во девет градови нема ниту еден заболен вирусот. Додека пак во главниот град има 167 активни случаи.

Заболени нема во Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран.

Поради стабилната епидемиолошка состојба Владата на С. Македонија одлучи од синоќа да го укине „полицискиот час“ и ограничувањето на работното време на угостителските објекти и да дозволи настаните повторно да се одржуваат на отворено.

Забраната за движење на граѓаните во текот на ноќта беше воведена на 10 март со цел да се спречи собирање на млади луѓе по затворањето на кафулињата и ширење на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.

Слични содржини