Ненад Чанак подготвен да ја признае независноста на Косово

од desk2

Кандидатот за претседател на Србија од Лигата на социјалдемократите во Војводина, Ненад Чанак изјави дека е подготвен да ја признае независноста на Косово, бидејќи тоа е фактичка состојба – Косово е нависна држава и веќе не е дел од Србија.

Како што јави Танјуг, Чанак истакна дека проблемите, со кои се соочува Србија, се големи и бараат одговорност за решенија кои треба да се преземат, а едно од тие решенија е да се признае фактичката независност на Косово.

– Во име на мирот на Балканот, на европската иднина на Србија и историското помирување на двата народа, изразувам подготвеност да ја поддржам таа одлука, нагласи Чанак.

Тој додаде дека иако претседателските кандидати и политичарите тврдат дека никогаш нема да ја признаат независноста на Косово, интересите на Србија бараат земјата да се исправи пред фактите.

Чанак истакна дека за разлика од некои кандидати тој не сака да учествува во политика „која дава предност на митовите, наместо на реалноста, и која бега од фактите, колку и да се тие непријатни“.

Слични содржини