Непознат маж избодел 11 лица во САД, возел велосипед и напаѓал луѓе

од Milan1

Непознат маж избол 11 лица во Албакерки, во американската сојузна држава Ново Мексико. Мажот е уапсен и се наоѓа во притвор, пренесуваат тамошните медиуми.

Локалните медиуми јавија дека осомничениот возел велосипед и по случаен избор со голем нож нападнал луѓе во неколку делови од градот.

Полицијата соопшти дека истражува седум различни локации каде се случил нападот и дека сите жртви се во стабилна состојба.

Детали за напаѓачот не се објавени.

Слични содржини