Несторовиќ на удар на критики поради шокантни изјави за коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Со шокантна изјава дека жив нема да се вакцинира, поранешниот член на Кризниот штаб на Србија, Бранимир Несторовиќ, уште еднаш ги збуни веќе исплашените граѓани и лекари, пренесе „б92“.

Пандемијата не постои, тестовите се лажни и не треба да се вакцинираме, се само некои од изјавите на д-р Несторовиќ, кои само го разгоруваат огнот меѓу веќе вжештеното антиваксерско лоби.

Директорот на Здравствениот дом во Палилула, д-р Александар Стојановиќ, потсети на претходните изјави на Несторовиќ.

-Едноставно изјави како „патувајте во Милано за шопинг, ќе помине штом помине потоплото време“, е една од низата негови неодговорни изјави што се случија. Оваа негова приказна нема основа- вели тој.

Поранешен ученик на д-р Нестровиќ, член на кризниот штаб, Срѓа Јанковиќ, вели дека иако го почитува д-р Несторовиќ, тој апелира до граѓаните да бидат информирани од други извори и да пресудат врз што се засноваат професионалните мислења. А на колегата Несторовиќ му го порача следново:

-Да го почитувам неговото и било чие право на сопствено мислење, но не го сметам за основано неговото мислење, барем за ова прашање. Дали сметате дека овие изјави ќе имаат влијание врз граѓаните? За жал, тоа е сосема извесно – рече тој.

Според Стојановиќ, изјавата на Несторовиќ е многу неодговорна.

„Гледајќи на сè што тој направи за време на овој ковид 19, кој трае веќе една година, мислам дека тој можеби себеси си крева некаков публицитет, но моите аргументи како директор на професијата пред Владата на Србија и министерот и сето тоа, гледајќи ја ситуацијата во Србија, каде што имаме три вакцини, каде се бориме против ковид 19, каде што изгубивме многу човечки животи, мислам дека во таа ситуација антивакс лобито е целосно недозволиво“, рече тој.

Лекарската комора на Србија го осудува однесувањето на Несторовиќ и во моментов размислува дали и какви ќе бидат последиците.

Властите апелираат до граѓаните да продолжат да постапуваат одговорно кон себе и другите и да се вакцинираат што е можно поскоро.

Слични содржини