Неверојатен оглас: Меган Маркл и принцот Хари добија понуда за работа

Ланец за брза храна им понуди работа на принцот Хари додека тој и Меган се подготвуваат да отстапат од кралските должности.

Бургер Кинг е пошегува со принцот Хари така што им понуди работа во која „не мора да се откаже од круната“. Претставништвото на Бургер Кинг во САД и Аргентина на војводата од Сасекс му ја понудија и титулата „Бургер Кинг“.

Бургер Кинг Аргентина се пошегува со тоа како Хари нема да мора да се откаже од круната за работаа.

„Драг војводо, можеш да ја добиеш својата работа без откажување од круната“, се пошегувале на Инстаграм.

„Доколку бараш работа, имаме круна за тебе“, му порачале од американскиот Бургер Кинг.

„Дознавме дека војводата и војвотката планираат да се откажат од кралските долности и да работат за да станат финансиски независни. Затоа имаме предлог за вас: Бидете како илјадници луѓе и направете ги своите први чекори во светот на работата со нас. Знаете дека круната ќе ви стои совршено. Исто така, по години живот како војвода, време е да почнете да јадете како кралеви“.

Не било потребно многу време а за нивниот маркетиншки трик да стане вирален, а коментарите со воодушевување преовладале.

Слични содржини