Независната осумка неделава ќе донесе одлука дали ќе гласа за Законот за Јавно обвинителство

од Aleksandar Todeski

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го разгледува текстот на предлог-законот за Јавно обвинителство, кој е четврти по ред, откако за претходните три власта и опозицијата не можеа да ги приближат ставовите.

Фото: Борче Поповски

Извори од „независната осумка“ на Локално велат дека во најновиот предлог закон има имплементирано неколку измени кои ги предочиле повеќе пратенички групи, што според нив е добро, но откако детално ќе го разледаат текстот, до крајот на неделава ќе седнат да разговараат и ќе донесат одлука дали ќе дадат зелено светло за Законот за Јавно обвинителство.

Независните пратеници ќе поднесат и свои предлози со цел подобрување на текстот на Законот, за кои како што велат, се надеваат дека ќе бидат прифатливи за власта, а со цел што е можно подобар Закон за Јавно обвнителство.

Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција во партиското седиште најави дека прво ќе разговара со Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, откако по изјавите на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тој увидел дека не сака Законот да биде донесен, за како што рече, да може да спаси осомничени лица од редовите на партијата.

Законот за Јавно обвинителство се актуелизираше по неколкумесечна пауза откако еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји рече дека е важен за носењето на одлуката дали земјава ќе добие позитивна одлука за почеток на преговори со Европската Унија.

А.Т.

Слични содржини