Ни Џен не била верна? Имала афера со колега од „Пријатели“!?

од Elena Daskalova

Од моментот кога го отвори својот профил на Инстаграм, па до денес, јавноста е сè позаинтересирана за Џенифер Анистон и нејзиниот приватен живот, особено откако Бред Пит се разведе од Анџелина Џоли.

Нивните фанови се надеваат дека парот повторно ќе се спои и ги „ловат“ сите можни знаци дека можеби се заедно, но официјална потврда за тоа нема. Сите се сеќаваме колку јавноста ја жалеше изневерената Џенифер, а Анџелина ја нарекуваа растурачка на бракови.

Но, таткото на Мет ЛеБланк, Пол, за таблоидот „Star“ изјавил дека ни таа не била толку наивна и за жалење. Тој тврди дека Џенифер и неговиот син Мет биле во врска додека уште се снимала серијата. Кога тоа се случувало, наводно, Џен уште била во брак со Бред, а Мет со Мелиса Мекнајт.

Всушност, Пол ЛеБланк повеќепати ја повторувал оваа изјава за медиумите низ годините, а единствена која ја демантирала била токму Анистон. Од друга страна, нејзиниот колега Мет ЛеБланк никогаш не излегол со официјален став околу овие изјави на неговиот татко.

Слични содржини