Николоски: Позициите на Македонија се преслаби за да има пријатели во ЕУ кои би ја притискале Бугарија

од Nikola Popovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска порача дека не гледа реципроцитет од страна на Бугарија.

-Не гледам на што се обврза Бугарија да го направи. Има 14 пресуди на ЕСЧП во Стразбур и сите се однесуваат на малцинските и јазичните права на Македонците во Бугарија и затоа Бугарија е под мониторинг на Советот на Европа. Нема овде реципроцитет, од Македонија се бара 100 работи, но од Бугарија ниту една, рече Николоски во емисијата „Жешко политичко лето“.

Николоски смета предизборните цели на Бугарија сега се официјална позиција на ЕУ преточени во преговарачка рамка.

-Ние мораме како општество да изградиме заедничка национална политика, од која никој нема да отстапува. Прво е клучно е да се ресетира системот. Позициите на Македонија сега се преслаби за да има пријатели во ЕУ кои што би ја притискале Бугарија. Мислам дека оваа преговарачка рамка е неприфатилива и оваа не е за напредување на земјата кон ЕУ, додава потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини