Николов: Ќе изградиме 100 куќи за социјално загрозените и брана на реката Отиња

од Vladimir Zorba

„Преку одговорни политики ние создаваме подобри услови за нашите деца и за сите граѓани. Кога зборувам за граѓани мислам буквално на сите граѓани затоа што имаме луѓе кои немаат дом, но затоа имаме план за изградба на 100 куќи за тие луѓе. Понатаму, планираме опремување и реновирање на центрите за лицата со попреченост, отворање центар за пензионерите, реконструкција на градинки, децата на самохраните родители бесплатно да одат во тие градинки. Предвидено е поголем број санации на училишта за да обезбедиме услови за учениците.“- пренесе дел од своите програмски планови, кандидатот за градоначалник на Штип, Сашко Николов, во интервју на социјалните мрежи.

Тој истакна дека ќе дејствува во правец на изедначување на руралните со урбаните средини затоа што во последно време луѓето се враќале да живеат во селските средини и дека и таму се неопходни инвестиции. Една од поголемите инвестиции на градот ќе биде и изградбата на брана на реката Отиња.

„Ова е децениска желба на штипјани. Ја завршуваме евалуацијата на документацијата на петте компании кои се вклучија во ова, до крајот на оваа или почеток на наредната ќе завшрме со оваа фаза. Таа брана ќе помогне да не се поплавува градот за време на посилни дождови, но и ќе ги смени климатские услови во градот.“- говореше Николов и додаде дека Штип ќе продолжи и со гасификацијата која е огромен, скап проект и ќе трае неколку години.

Слични содржини