Николовски: „Од „заробена држава“ денеска сме најпозитивниот пример во регионот

од Aleksandar Petrovski

Остваривме две од најважните стратешки цели: ние сме 30-та земја членка на НАТО и имаме одлука за почеток на преговорите со ЕУ, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Од „заробена држава“ денеска сме најпозитивниот пример во регионот. Ја обезбедивме сигурната иднина на граѓаните.

Ја вративме слободата и демократијата. Во време на режимот се шепотеше, денеска гласно се зборува.

Од -1,8 пад на економијата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, обезбедивме раст на БДП од +3,6%.

За 2,5 години бројот на вработени граѓани го зголемивме за над 67.000 нововработени, а стапката на невработеност ја намаливме за 6%.

Покажавме грижа за сите. Платите ги покачувме речиси во сите сектори, минималната плата два пати ја покачивме и сега е 14.500 денари. Ги зголемивме и пензиите за 720 денари.

За овие три години ja извадивме земјата на прав пат, а денес знаеме дека заедно со вас, граѓаните, #можеме уште повеќе и уште подобро“, потенцираше Николовски.

Слични содржини