Нобеловецот Кругман: Поправете ги патиштата за да привлечете инвеститори

од Nikola Popovski

Добитникот на Нобеловата награда за економија, професорот од њујоршкиот универзитет Пол Кругман е во кратка посета на Северна Македонија. Вчера со премиерот и министерот за финансии го посети Охрид, додека денеска учествуваше на вториот Скопски економски форум-СЕФФ.

Тој во денешното свое обраќање упати порака дека С. Македонија мора да се посвети на подобрување на патната инфратруктура ако сака странски инвестиции и развој на економијата.

-Патиштата ви се лоши и мора да ги поправите. Тоа е клучот за економски развој. Така ќе можете да привлечете инвеститори, порача Кругман.

Кругман исто така денеска беше одликуван со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, а тоа признание му го врачи претседателот Стево Пендаровски.

На свеченоста во претседателската вила Водно во Скопје, Кругман се заблагодари и рече дека му претставува голема чест што го добил тоа признание и посочи дека Северна Македонија е „убава земја и модел на демократија и мир во тешки времиња“.

-Во овие времиња, повеќе од кога било, добрите земји, кои цврсто стојат зад вредностите во кои веруваме, мора да ја добијат соодветната чест, рече Кругман.

Слични содржини