Нов бран на коронавирус во Азија

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот бран на коронавирусот забрзано се шири во Азија, а владите на Нов Зеланд и Јапонија презедоа дополнителни мерки за спречување на брза инфекција и намалување на притисокот врз болниците, пишува денеска „Гласот на Америка“ (ВОА).

Брзото ширење на вирусот е предизвикано од варијантите BA.4 и BA.5 на сојот омикрон, а владите во Азија сега се соочуваат со дилемата од почетокот на пандемијата – како да се справат со вирусот, а да не се воведат непопуларните ограничувања.

Владата на Нов Зеланд објави дека брзите антигенски тестови и маски ќе бидат бесплатни. Здравствениот систем таму е под притисок бидејќи пациентите со ковид и грип се појавуваат истовремено, бидејќи сега е зима на јужната хемисфера.

Во таа земја од пет милиони жители, моментално има 69.000 заразени со вирусот. Од тој број, 765 се хоспитализирани.

Во Јапонија бројот на заразени е најголем од почетокот на годината. Владата ги повика жителите да бидат внимателни пред летните одмори.

Слични содржини