Нов член во семејството на Рики Мартин (ФОТО)

од desk4

Рики Мартин и неговиот сопруг Џејван Јозеф на Инстаграм објавија дека добија четврто бебе, синот Рен Мартин-Хозеф.

Рики објави фотограгија на инста-стори, со опис „Нашиот син Рен Мартин-Јозеф се роди“. Тој е четврто бебе на парот, кој веќе ги има 11-годишните близнаци Матео и Валентино и 10-месечната ќерка Лусија.

Рики и Џејван се венчаа во јануари 2018-та, а пејачот никогаш не криел дека сака да има големо семејство со многу деца.

Парот засега не открива дали и кој од нив е биолошки татко на децата, а она што е познато е дека сите ги раѓаат сурогат-мајки. На овие прашања, пејачот секогаш одговара дека родители на неговите деца се тој и Јозеф, без да открива премногу детали околу биолошкиот момент.

Близнаците ги одгледуваше како самохран татко, а откако се венчаа со Јозеф, тие функционираат како вистинско големо семејство.

Слични содржини