Нов коронавирус сличен на ковид откриен кај лилјаците во Тајланд

од Stefanija Kuzmanovska

Коронавирусот откриен кај лилјаците во Тајланд е сличен на оној што предизвикува ковид-19, но не може да зарази човечки клетки, велат научниците.

Новоидентификуваниот вирус беше назначен како RacCS203 и беше пронајден во крвта на пет лилјаци, чувани во кафез во источен Тајланд, објави „Њујорк пост“.

Меѓутоа, истражувачите рекоа дека новиот коронавирус има разлика во протеинските шилци, поради што не може да зарази човечки клетки.

Истражувачите од Универзитетот во Чулалонгкорн во Бангкок направија секвенцирање на новиот вирус и открија дека има 91,5 процентни сличности во генетскиот код како и Сарс-Ков-2, кој предизвикува ковид.

Исто така е многу сличен на коронавирусот познат како RmYNO2, кој беше пронајден во Јунан, Кина.

Антителата во крвта на заразените лилјаци можеле да го неутрализираат вирусот Сарс-Ков-2.

Слични содржини