Нов напад со нож во Сиднеј, повредени луѓе во црква

од Vladimir Zorba

Неколку лица се повредени во напад со нож во црква во Вокли, околу 30 километри западно од централната деловна област во Сиднеј, соопштија во понеделникот полициските власти.

Полициски службеници уапсиле маж кој е приведен на распит, се наведува во соопштението.

Жртвите од нападот се здобиле со повреди кои не се опасни по живот и им е укажана итна медицинска помош, соопшти полицијата.

Локалните медиуми објавија дека свештеник и неколку верници биле избодени со нож за време на верска служба.

На снимките од инцидентот кружат на Интернет се гледа како маж напаѓа и прободува свештеник кој бил зад проповедникот.

Ова е втор напад со нож во Сиднеј, откако маж избоде до смрт шест лица во трговски центар во областа Бонди во саботата.

Слични содржини