Нов шок за Реал, Еспањол победи со гол во 93-тата минута

од Vladimir Zorba

Реал повторно киксна, откако изгуби од Еспањол со 0:1 во Барселона во 26-тата рунда од Ла Лига. На овој начин, серијата на тимот на Зидан со 5 последователни победи на сите турнири е завршена.
 
По поразот Реал остана трет со 51 поени, 7 помалку од Атлетико, додека Еспањол ја сопре серијата од 7 последователни натпревари без победа, и сега има 31 поени.
 
Домаќините сепак играа добро и успеаја да ја постигнат својата прва победа над Реал од 2007-та година, откако ја прекина серијата од 22 последователни натпревари без успех над противникот.

Слични содржини