Нов силен земјотрес во Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди централниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот бил во близина на градот Антакија, на длабочина од 19 километри. Според EMSC, земјотресот бил почувствуван и во Сирија.

Ова е 32-ри по ред земјотрес за 69 часа што ја погоди оваа земја.

Засега нема информации дали има нови штети или жртви.

Според последните извештаи, повеќе од 41.000 луѓе загинале во двата силни земјотреси што ги потресоа Турција и Сирија на 6 февруари.

Слични содржини