Нов тротоар и дрворед на Рузвелтова

од Берта Китинска

Обновен е дрворедот на улицата Рузвелтова, на потегот од булеварот Илинден до улицата Орце Николов, од страната на општината Центар.

-Заменети се сите исечени и паднати дрвја со нови, здрави висококвалитетни садници од видот црвен јавор. Пред две години почнавме со замена на дрвјата на почетокот на Рузвелтова, на оние исечени диви костени, а сега целосно е обновен дрворедот со црвени јавори кои се автентични растенија за скопската котлина. Гледате дека овде на Рузвелтова за првпат имаме одделен велосипедски и пешачки сообраќај за да овозможиме и алтернативен пристап до Зоолошката градина којашто е една од најпосетените институции во нашиот град, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Слични содржини