Нов земјотрес во Јапонија

од Stefanija Kuzmanovska
137 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди денеска јапонската префектура Ишикава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил во областа на префектурата Ишикава, на длабочина од 10 километри, јавува агенцијата Кјодо.

Не е издадено предупредување за цунами.

Јапонската префектура Ишикава на први јануари беше погодена од многу силен земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер, во кој загинаа повеќе од 220 луѓе.

Слични содржини