Нова атракција во Хонг Конг: Две огромни гумени патки плутаат во познато пристаниште

од Stefanija Kuzmanovska

Две огромни гумени патки од денеска плутаат во пристаништето Викторија во Хонг Конг како дел од инсталацијата на холандскиот уметник Флорентин Хофман, кој се надева дека неговите патки ќе му донесат радост на градот.

Околу пристаништето во следните две недели ќе лебдат жолти патки на надувување, високи 18 метри, дел од инсталацијата наречена „Double Ducks“.

Хофман рече дека неговиот пар патки претставува „дупло повеќе забава, дупло повеќе среќа“ откако неговата скулптура „Гумена патка“ привлече толпа луѓе во овој азиски финансиски центар пред 10 години.

Холандскиот уметник е познат по своите огромни инсталации, откако претходно дизајнираше џиновски зајаци, хартиени чамци и нилски коњ.

Слични содржини