Нова мутација на корона: „Делта плус“ е под надзор во Британија

од Nikola Popovski

Новата мутација во коронавирусот, варијантата AY.4.2, која некои ја нарекуваат „делта плус“, е под буден надзор во Велика Британија.

Здравствените власти внимателно ја следат оваа мутација на варијантата делта, која се уште е доминантна во Британија, но најновите податоци покажуваат дека шест проценти од сите генетски секвенционирани случаи припаѓаат на нов вид, пренесува Би-Би-Си.

Франсоа Балу, директор на Институтот за генетика во Лондон, вели дека варијантата AY.4.2 е околу 10 проценти полесна за пренос од првобитниот сој на делта, кој исто така е доминантен низ целиот свет.

Иако AY.4.2 може да биде најзаразниот сој на коронавирус од почетокот на пандемијата, експертите велат дека е малку веројатно дека ќе може да ги избегне ефектите од сегашните вакцини во поголема мера.

AY.4.2 е една од 45 подваријанти на делта сојот, регистрирани ширум светот, идентификувани од научниците во јули и има две карактеристични мутации, наречени Y145H и A222V, во спајк протеинот со кој вирусот ги инфицира човечките клетки, а засега нема индикации дека овие промени значително ја зголемуваат преносливоста, но ова го проучуваат експерти.

Слични содржини