Нова ревија на Шанел, еве кои ќе бидат новите модни трендови во 2020 (ФОТО+ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Нови трендови доаѓаат во 2020 година, но се враќаат и некои стари, но модернизирани и модифицирани. Ова го дефинираа Шанел на последната ревија Chanel 2019/20 Metiers d’Art.

Оваа година повеќе ќе се цени различноста и креативноста, ќе се спојуваат бои, текстури и дезени.

Во продолжение, погледнете како Шанел комбинира безвременски капути и здолништа, кратки сакоа, појаси и каиши, елегантни чевли, твид, штоф и сатен.

Од познатите личности на сцената се појавија и манекенките Џиџи Хадид и Каја Гербер. На пистата можеа да се забележат и различни стилови на шминка и фризури, но она што е факт е дека секој модел изгледаше софистицирано, едноставно и женствено.

Слични содржини