Новак Ѓоковиќ тренира со неговиот шестгодишен син Стефан (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Моментално најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, се подготвува за сезоната во Монте Карло, а неговите фанови беа воодушевени од видеото од тренингот со неговиот шестгодишен син Стефан, чии удари, како што се гледа на видеото, се веќе силни.

Претходните снимки кога Стефан играше со ќерката на српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ исто така покажаа дека Стефан е талентиран за тенис.

Стефан ќе наполни седум години во октомври, а Новак веќе рече дека нема да ги оптоварува своите деца со тенис, туку дека ќе им го покаже што е можно подобро. Па одлуката ќе биде нивна.

Слични содржини