Новата принцеза Меган Маркл прогласена за жена на годината

од desk2

Магазинот HELLO! ја прогласи Меган Маркл, американската актерка и вереница на принцот Хари, за жена на годината. Оваа година, без сомнеж, беше во знакот на 36-годишната актерка која е најпозната по улогата во серијата „Suits“, а за само неколку месеци се трансформира во член на кралското семејство.

Освен принцот Хари, Меган освои и голем број Британци, а се чини и кралското семејство, посебно кралицата Елизабета II која оваа година го прекрши протоколот и ја повика идната невеста на Божик во Сандрингам. Имено, тоа е прв пат на годишен собир кој вклучува отворање, божиќен ручек и прошетка до црквата да присуствува лице кое формално не е член на семејството.

Оваа година дефинитивно беше во знак на Меган Маркл – ја запозна кралицата, го прослави 36 роденден на сафари во Африка со принцот Хари, ја прифати брачната понуда и најави свадба во мај следната година. Од објавата на веридбата во ноември доживеа врв на својата слава и стана една од најпознатите жени на светот.

Ендру Мортон, автор на книгата „Дајана: Нејзината вистинска приказна“, моментално работи на биографијата на Меган.

„Таа е претставничка на генерацијата жени кои можат да направат се. Меган е одличен пример за жените, а ќе има и големо влијание кога станува збор за одредени промени во кралското семејство, Меган е како и Дајана во триесеттите години, Не можам да се сетам на ни една жена која и е блиску кога зборуваме за жена на годината“, вели Мортон.

Слични содржини