Нови 444 случаи на корона од речиси 3000 тестирања

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.938 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на Ковид-19 од Скопје – 190, Битола – 43, Прилеп – 27, Кавадарци – 19, Кочани – 16, Велес и Струмица по 15, Охрид и Берово по 13, Ресен – 11, Куманово и Штип по 10, Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево по 6, Крива Паланка и Кратово по 5, Валандово – 4, Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица по 3, Радовиш и Пробиштип по 2 и по еден од Гостивар, Струга, Дебар, Виница и Пехчево.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe и 467 оздравени пациенти од: Скопје – 193, Куманово – 34, Битола – 26, Тетово – 24, Штип – 23, Кавадарци – 21, Прилеп – 19, Кочани – 18, Велес – 13, Делчево, Крива Паланка и Неготино по 11, Гевгелија – 9, Струмица – 8, Свети Николе и Радовиш по 6, Берово и Пробиштип по 5, Ресен, Кичево и Кратово по 4, Демир Хисар и Виница по 3, Демир Капија – 2 и по еден оздравен од Охрид, Богданци, Крушево и Дојран.

Досега во земјата се направени вкупно 1.442.544 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини