Нови 454 случаи на ковид, повторно двоцифрен бројот на починати

од Берта Китинска

Регистрирани сe 236 оздравени пациент од: Скопје – 98, Куманово – 23, Штип – 17, Велес – 16, Кавадарци – 14, Битола – 12, Прилеп – 10, Радовиш – 7, Кочани и Пробиштип – по 6 , Ресен и Берово – по 4, Свети Николе, Струмица, Делчево, Демир Хисар, Виница, Пехчево и Кратово – по 2, Гевгелија, Богданци, Кичево, Гостивар и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 6 починати лица од Скопје (52г, 53г, 66г, 77г , 80г и 87г), 2 починати лица од Велес (57г и 85г), и по едно починато лице од Кочани (62г), Битола (71г), Куманово (73г), Струмица (73г), Кратово (77г), и Кавадарци (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лица со датум на смрт од 31.10.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје, на возраст од 76 години, во болнички услови.

Направени се 3.019 тест преку: ИЈЗ-190, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-48,
ЦЈЗ Тетово–62, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–296, Жан Митрев (Филип Втори)-59, Авицена-114, Биотек-133, Систина-54, лабораторија Лаор-140, Синлаб-6, Ремедика-0, Плодност–61, Генеа-6, Никоб лаб-205, ВФВ Медикал-30, Ели Медика-29, Ројал Медика –23, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.355.

Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077, бројот на оздравени пациенти е 190.806, на починати е 7.232, а бројот на активни случаи изнесува 8.039.

Слични содржини