Нови детали: Една недела пред смртта, Марадона паднал и ја повредил главата, но не бил однесен во болница

од Vladimir Zorba

Марадона заврши во самоизолација на почетокот на ноември откако еден од неговите телохранители доби позитивен тест за коронавирус, по што беше пренесен во болница. Но, неговата состојба не беше поврзана со последиците од сегашната пандемија. Само три дена откако го прослави својот 60-ти роденден, Марадона, според извештаите на аргентинските медиуми, се почувствувал слабо и лошо и завршил на операција без никакви проблеми поради акумулација на крв помеѓу мозокот и черепот.

Тој почина три недели подоцна во неговиот дом од она што првично се сметаше за срцев удар, но на крајот се покажа дека белодробниот едем бил фатален. Сепак, полицијата започна понатамошна истрага и донесе нови заклучоци. Имено, една недела пред неговата смрт, еден од најдобрите фудбалери во историјата паднал и ја повредил главата, но не бил пренесен во болница.

„Марадона падна и ја удри главата седум дена пред неговата смрт, но тие не го однесоа во болница за скенирање“, потврди адвокатот на Марадона.

Според италијанскиот весник „Република“, Марадона требало да биде придружуван од специјалист и медицинска сестра со 24-часовна нега, но тоа не се случило и Диего починал во сон. Лекарот на Марадона проговори за сè, тврдејќи дека легендарниот аргентински фудбалер не можел да се контролира и требало да оди на рехабилитација од дрога и алкохол.

Тој тврди дека сторил колку што можел, а Марадона го нема повеќе. Во секој случај, пензионираниот Диего не водеше најдобар можен живот за неговото здравје, и комбинација на многу околности на крајот го чинеше живот. А што точно се случило, ќе дознаеме од полициската истрага.

Слични содржини